Дивиденда за 2019 година ќе се исплати од акумулираните нераспределени добивки од минати години на друштвото до 31.12.2008 година, со бруто износ од 92.330.900 денари, стои во предлог одлуката доставена до Македонска берза.
Износот на дивидендата за една акција во бруто износ, како што се наведува во предлог одлуката, изнесува 33,33 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за минатата година е 22-ри мај, додека прв датум на тргување без право на дивиденда е 26-ти мај. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2019 година е 27-ми мај.
Исплатата на дивиденда ќе се изврши на 28-ми септември.
Според друга предлог одлука, нето добивката по годишна сметка за 2019 година на Гранит, во износ од 191.319.192 денари, се распоредува: за награда на менаџерскиот тим и раководен кадар, во бруто износ од 30.000.000 денари и добивка за реинвестирање во износ од 161.319.192 денари.
Фото: Facebook