Гранит лани работеше со 234 милиони денари добивка

23

granit

Градежната компанија Гранит, оствари вкупна сеопфатна добивка од 234.028.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех за 2016 година.

Една година претходно, градежната компанија прикажа 219.917.000 денари добивка.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември 2016 година, беа на ниво од 3.600.078.000 денари. На домашен пазар отпаѓа реализација во вредност од 3.343.700.000 денари, додека на странски пазари се остварени 256.378.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2016 година, според Образложението за остварените резултати, изнесуваат 362.678.000 денари, од кои 8.474.000 денари се нематеријални вложувања, а 354.204.000 денари во материјални вложувања.