Гранит прикажа добивка од 266,6 милиони денари заклучно со 30-ти септември

26

Градежната компанија Гранит, во текот на деветте месеци од 2018 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 266.696.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 181.233.000 денари.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2018 година изнесуваат 2.655.117.000 денари и во споредба со остварените во истиот период од 2017 година бележат намалување за 21%“, стои во Образложението за остварените резултати.