Гранит со добивка од 219,9 милиони денари во 2015 година

53

granit

Градежната компанија Гранит, од 01.01. до 31.12.2015, оствари вкупна сеопфатна добивка од 219.917.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната 2014 година, компанијата прикажа добивка од 188.160.000 денари.

“Остварените вкупни приходи во 2015 година изнесуваат 4.240.711.000 денари и во споредба со остварените во 2014 година бележат раст од 3,92%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество има реализацијата од основна дејност од 57,21%. Остварените вкупни расходи во 2015 година се во износ од 4.000.824.000 денари и во споредба со 2014 година бележат раст од 3,50%“, стои во Образложението кон остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 3.164.381.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 2.845.724.000 денари, додека остатокот од 318.639.000 денари отпаѓа на пазари во странство.