Гранит за три месеци прикажа добивка од 12,6 милиони денари

37

granit

Градежната компанија Гранит, од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 12.669.000 денари, стои во неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Првиот квартал од 2016 година компанијата го заврши со добивка од 13.830.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви март 2017 година изнесуваа 667.846.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 639.771.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 28.075.000 денари.

Основна дејност на Гранит е проектирање, изградба и надзор во градежништвото – нискоградба, хидро градба, високо градба, изведба на електро инсталации, патишта, мостови, тунели, производство на градежни материјали и слично.