Пет милиони евра грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат вложени во проектите за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, што треба да придонесат за енергетската транзиција на земјава.
Договорот за грантот го потпишаа денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и евроамбасадорот во државава Михалис Рокас.
– Со потпишувањето на овој грант, имплементацијата на двата проекта влегува во завршна фаза.
Осломеј 2 со просечно годишно производство од 16 гигават часови и Битола 1 со просечно годишно производство од 30 гигават часови ќе го зголемат портфолиото на обновливи извори во сопственост на државата што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на стратешките определби на патот кон зелената енергетска транзиција, рече Узунчев.
Со намаленото производоство во термоелектраните на сметка на производството во новите фотонапонски електрани, како што рече, ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид од 40,000 тони за вкупниот инсталиран капацитет од 30 мегавати.
– Фотонапонските електрани ќе бидат проектирани и изградени од најкомпетентни понудувачи во согласност со највисоките европски и светски стандарди.
Постапката за избор на изведувач за проектирање, набавка, изградба како и евалуацијата на понудите ќе се спроведува согласно правилата и условите на ЕБОР, наведе Узунчев.
Укажа на придобивката од проектите со учество на локални специјализирани компании, вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј преку доедукација, како и на тоа дека многу вработени ќе бидат ангажирани во работните процеси во новите електрични централи.
Претставникот на ЕБОР посочи дека грантот за фотоволтаичните постојки во Осломеј и Битола е финасиран од Заедничкиот фонд за Западен Балкан и е доказ за поддршката на декарбонизацијата во земјата.
– ЕБОР претходно додели 25 милиони евра за развој и изградба на овој прокет кој е доказ за непрекинатата поддршка на декарбонизацијата на енергетскиот сектор во земјата.
Тоа е одличен пример да се обезбеди алтернативно и одржливо користење на локациите за ископ на јаглен до старите термоелектрани, наведе Туркменоглу.
Со грантот, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, започнува реализација на два значајни проекти кои ќе придонесат за енергетската транзиција на земјава.
– АД ЕСМ со овој прект ја задржува својата позиција како лидер во енергетската транзиција.
Енергетската транзиција е визија за иднина во која ќе кима чиста енергија, здрава животма средина и економски простперитет.
Реализацјата на овие прокети ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид за околу 40,000 тони годишно што ќе овозможи рекултивација на 45 хектари земјиште во кругот на РЕК Битола и на РЕК оисломеј што директно ќе влијае за поздрава животна средина, рече Божиновска.
Во одговор на новинарско прашање истакна дека на повикот можат да се вклучат домашни и странски компании.
– Секој што ќе ги исполни условите на ЕБОР е добредојден со тоа што треба да има некои стандарди, критериуми и препораки, рече Божиновска.
Според евроамбасадорот, инвестицијата доаѓа во вистинско време затоа што обезбедува чиста и безбедна енергија.
– Мора да ги искористиме овие можности и се надеваме дека ова ќе биде само почеток за повеќе инвестиции во оваа област.
Инвестициските можности се зголемуваат и сигурен сум дека приватниот сектор е веќе подготвен да ги искористи овие можности и да инвестира во земјата.
Северна Македонија ги исполни сите потребни обврски и треба да ги реализира можностите што ги има со реформска агенда која што е навистина мошне амбициозна и транспарентна и сега и сега треба да работиме рака под рака за да ги искористиме овие реформи и секако да имаме достапни фондови, рече Рокас.
На прашањето зошто се уште не се преземени вработените од РЕК Осломеј во веќе изградените фотоволтаици по пат на јавно-приватно партнерство директорот Узунчев рече дека обврската за преземање на вработените се уште стои.
– Ние сме во фаза на имплементација на обрската. Кога дојдов на чело на компанијата наследив многу прредизвици вклучително и овој.
Работите се решаваат во од и прво треба да ги решите побитните работи за да стигнеме до преземањето на работниците.
Тоа ќе биде реализирано, но не можам да кажам во која временска рамка, рече Узунчев.
Фото: Pixabay