Грчки Mytilineos гради комбинирана електрана во Љубљана за 118 милиони евра

52

Фото: Pixabay

Грчката групација Mytilineos потпиша договор вреден 118 милиони евра со словенечката државна енергетска компанија Energetika Ljubljana, за изградба на комбинирана постројка за топлинска и електрична енергија со моќност од 110 мегавати, пишува Energy market price.

Договорот вклучува инженеринг, набавка и изградба на нова електрана во Љубљана, заменувајќи ја употребата на јаглен со природен гас, со што ќе се намали потрошувачката на јаглен за 70%.

Се очекува новата електрана, којашто како гориво ќе може да користи природен гас или екстра лесно масло, ќе даде важен придонес за задоволување на потребите од електрична енергија и греење на граѓаните во словенечкиот главен град.

Проектот би требало да заврши за 30 месеци од денот на почетокот, којшто би требало да биде во првата половина од оваа година.

Energetika Ljubljana е компанија што се занимава со производство, пренос и дистрибуција на електрична и топлинска енергија и управува со најголемиот словенечки систем за централно греење.