Средношколци од Солун развија апликација за откривање на загадување во морето во реално време, пишува Greekreporter.com.
Апликацијата ocLeans AFSе иновативен софтвер што има за цел да го исчисти морското дно од пластични кеси и шишиња, заедно со стаклени и алуминиумски предмети. Корисниците на апликацијата, не само што ќе можат да откриваат каде има ѓубре, туку и веднаш да пријават до надлежните.
Апликацијата може да ја користат нуркачи, рибари или пливачи, кои доколку забележат ѓубре во водите, на интерактивната карта ќе ја означат точната положба. Потоа, пријавуваат каков предмет нашле (пластика, стакло…) и на крајот ги даваат точните координати на местото каде што е фрлен предметот.
Доколку на картата има црвена боја, тоа значи дека станува збор за загадено подрачје. Штом индикаторите добијат зелена боја, тоа значи дека проблемот е решен и тоа подрачје е чисто.
Фото: Pexels