Грчкиот извоз на овошје “цвета“ во време на пандемија

28

Незапамтената криза којашто ја предизвика пандемијата нанесе тежок удар на многу економии. Сепак, изгледа дека грчкиот извоз на овошје е во подем, имајќи го во предвид тоа што потрошувачите ширум светот купуваат здрави намирници.

Според изјавата која ја објави Incofruit – Hellas, моментално има голем продажен раст, пренесува Greek reporter.

Се очекува, особено грчките производители на киви да имаат рекордна година кога станува збор за количината на нивниот извоз.

Компаниите кои произведуваат портокали, јаболка, лимон, краставици, јагоди, мандарини и друго овошје и зеленчук, во тони бележат раст на извозот на производите. Исто така, пораснала и домашната продажба на овошје и зеленчук.

Фото:Pixabay