
Туристичкиот сектор во Грција бележи раст, покажувајќи отпор кон зголемените геополитички тензии во регионот на Блискиот Исток кои влијаеја на трендовите во туризмот низ целиот Медитеран, објавија денес грчките медиуми.
Во првиот квартал од 2026 година, бројот на туристи во Грција достигна 3,4 милиони, што е зголемување од 38,3 проценти во споредба со истиот период претходната година, според официјалните податоци од Банката на Грција, објави „Екатимерини“.
Приходите од туризмот во оваа земја пораснаа со уште побрзо темпо, со што бележат раст од 64,3 проценти, на 1,67 милијарди евра.
Овие резултати следат по рекордната сезона во 2025 година, и покрај загриженоста дека регионалната нестабилност би можела да влијае на меѓународните туристички трендови.
Сепак, аналитичарите од индустријата велат дека најновите податоци ги зајакнуваат позитивните очекувања дека Грција ќе забележи уште една успешна туристичка сезона, пренесува Танјуг.
Фото: Pixabay











