Компанијата Ernst & Young (EY) проценува дека загубата на грчкиот туристички сектор во 2020 година поради пандемијата ќе изнесува околу 10 милијарди евра.
Во исто време, се очекува грчките хотелиери да претрпат штета од 4,46 милијарди евра: 3,26 милијарди за сезонски и околу 1,2 милијарди за хотели кои работат во текот на целата година.
Врз основа на податоците од Светскиот совет за патувања и туризам (WTTC), аналитичарите на EY заклучија дека последиците од пандемијата од коронавирус ќе бидат пет пати полоши отколку во 2008 година во екот на светската економска криза.
Според нивната студија, вредноста на туристичките добра и услуги ќе падне од 22 милијарди евра во 2019 година на 14 милијарди според основното сценарио, односно 12 милијарди во најлошото, или 16 милијарди во најдоброто сценарио.
Во извештајот се додава дека според сите три сценарија најголем пад се очекува во второто тримесечје од годинава и дека ќе изнесува 41 до 53 %.
Според аналитичарите на EY, евентуалното продолжување на туристичката сезона нема да ги компензира загубите, но доброто регулирање на епидемиолошката состојба во Грција во претходниот период би можело да и даде одредена предност на туристичкиот пазар во иднина.
Фото: Pixabay