Грција денеска ќе добие 83.000 дози од вакцината против Ковид-19, а во јануари уште 419.250

61

Во Грција денеска ќе пристигне првата голема пратка од 83.850 дози од вакцината против Ковид-19 на Pfizer и BioNTech. До крајот на јануари ќе бидат доставени 419.250 дози од вакцината, а земјата до крајот на февруари ќе добие уште 333.450 дози, рече генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус.

“До крајот на март, од Pfizer, ќе имаме добиено 1.255.800 дози и оваа бројка веројатно е да се зголеми ако Европската унија постигне договор за дополнителни 100 милиони дози“, рече Темистоклеус.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 476 нови и 66 смртни случаи со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата се зголеми на 135.931 лица, а починаа вкупно 4.672 лица.

Во Грција вчера до 16 часот, во петте болници во Атина, биле вакцинирани 471 лице, пренесува МИА.

Инаку, пакет од 70 милиони евра одобри Европската комисија за да помогне во финансирањето на набавките на вакцините против Ковид-19 за земјите од Западен Балкан.

Фото: Freepik