Грција го прифати “штедливиот” буџет

20

Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2013 година, кој предвидува нови намалувања на платите и на пензиите, зголемување на даноците и мерки за полесно отпуштање на работниците, и покрај силното противење на јавноста. Ова на официјална Атина ќе и овозможи да продолжи да прима финансиска помош од странство и да избегне банкрот.

Буџетот го поддржаа сите три партии во владејачката коалиција на премиерот Андонис Самарас. Усвојувањето беше неопходно за да се деблокира новата траншта од помошта на ЕУ и ММФ во вредност од 31,5 милијарди евра.

Многумина од 10 милиони Грци се доведени до очај од падот на економијара веќе пет години по ред и стрмоглавото намалување на животниот стандард. Луѓето стравуваат дека дополнителните кратења во буџетот само ќе ја продлабочат кризата.

Најголема жртва во новиот буџет ќе поднесат пензионерите и државните службеници на чии примања ќе се заштеди 10,6 милијарди евра.

Се очекува грчката економија следната година да падне за 4,5%, а јавниот долг да порасне на 189% БДП.