Грција и Египет потпишаа договор за одредување на ексклузивна економска зона

67

Египет и Грција потпишаа договор за одредување на ексклузивна економска зона во морскиот дел, во регион што содржи значителни резерви на нафта и гас, соопшти египетскиот министер за надворешни работи Самех Шоукри.

“Овој договор ќе им овозможи на двете земји да се движат напред во максимизирање на користење на ресурсите“, рече Шоукри.

Неговиот грчки колега Никос Дендиас истакна дека договорот што е склучен во рамките на меѓународното право е важен за целиот Источен Медитеран и придонесува за стабилност и безбедност во регионот.

Фото: Pixabay