Грција ја продаде лотаријата за 652 милиони евра

25

lottery_1617170cЗаврши продажбата на 33% од уделот во државната монополска компанија за организирање лотарија и обложување на спортски резултати, ОПАП во Грција. Третината од уделот во ОПАП се продадени за 652 милиони евра.

Според соопштението на Државниот фонд за приватизација на Грција нов соственик на фирмата е чешко-грчкиот конзорциум Ема Делта.

Оваа продажба е првата приватизација, која од Грција ја бараа Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во рамки на спогодбата за финасиска помош.

Продажбата беше објавена уште во мај, но таа се оддолжи поради спорот за надоместоците, кои ОПАП требаше да им ги плати на своите партнери за технолошки услуги и печатење.

ОПАП е една од најголемите лотариски фирми во Европа со акции на берзата и обрт од околу четири милијарди евра. Фирмата има монопол на спортски обложувања до 2020 година, а на лотаријата до 2030. Исто така поседува ексклузивни права за користење на видеолотарискиот терминал ВЛТ, нема никакви долгови и е најпрофитабилна фирма во Грција.