Грција летово ќе прима вакцинирани и невакцинирани туристи

122

Доколку се подобри епидемиолошката состојба во оваа земја, Грција ќе биде отворена за туристи уште во мај.

Нејзината влада треба да ги отстрани трговските ограничувања до крајот на март и да ги отвори училишта и може да дозволи отворање на надворешните делови на рестораните од април. Ако сè оди според планот, туристичката сезона треба да започне уште во мај, бидејќи овој сектор е исклучително важен за грчката економија.

Во изминатите две недели поголем дел од грчката економија беше затворен, а поради тоа земјата изгуби 1,2 милијарди евра.

Министерот за туризам Харис Теохарис најави дека Грција најверојатно ќе биде отворена за сите здрави туристи ова лето, без разлика дали се вакцинирани или не.

Оние кои биле вакцинирани нема да мора да покажат негативен PCR-тест на граница, додека за невакцинираните е спротивното – или тест или две недели карантин.

Грција ќе спроведе масовна вакцинација во туристички места. Имунизацијата најпрво ќе се изврши на малите острови во Егејското и Јонското море. Планирано е да се вакцинираат околу 40 острови со помалку од 1.000 жители, а како што Грција прима повеќе вакцини, толку ќе се зголеми и бројот на места каде што се нуди можност за имунизација.

Фото: Pexels