Грција најверојатно ќе ја отвори туристичката сезона на први јули

138

Бидејќи грчката економија е 20% зависна од туризмот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се надева дека земјата ќе може да ја отвори туристичката сезона на први јули.

Тој уверува дека најоптимистичкото сценарио е Грција да ја отвори сезоната на први јули, но тоа во голема мера ќе зависи и од авиосообраќајот бидејќи многу туристи во земјата доаѓаат по воздушен пат.

Мицотакис, исто така, смета дека последиците по грчкиот туризам би биле многу поголеми доколку сезоната биде затворена, одошто да почне подоцна од вообичаеното.

“Ова ќе биде многу различно лето, но се надевам дека најлошото е зад нас. Она што може да се научи од оваа криза е колективниот успех и јас би го употребил и зборот гордост. Грците многу одамна не биле толку многу горди… Кризата ја промени перцепцијата кога станува збор за самодоверба и доверба во системот“, додава Мицотакис.

Фото: Pixabay