Грција со пад на извозот од 7,4% во 2020 година

23

Грција во текот на минатата година регистрираше извоз од 35,1 милијарда долари, што претставува за 7,4% помалку одошто во 2019 година.

Податоците со коишто располага World’s top exports покажуваат дека 59,9% од извозот на Грција е за овие земји: Италија (10,6%), Германија (7,8%), Кипар (6,5%), Франција (5,8%), Бугарија (5%), Турција (4,4%), Велика Британија (3,9%), Шпанија (3,7%), САД (3,7%), Романија (3,6%), Кина (2,8%) и Холандија (2,3%).

Од континентала перспектива, 69,5% од извозот на Грција е насочен кон европските земји, додека 17,4% удел има извозот кон азиските земји.

Минералните суровини на Грција ѝ носат најголем удел во извозот и тоа 21,9% или 7,7 милијарди долари. Потоа следат фармацевтските производи со 3,3 милијарди долари, компјутери со две милијарди долари, алуминиум со 1,8 милијарди долари и електрична опрема со 1,4 милијарди долари.

Во Грција има 10,7 милиони жители, па по глава жител извозот достигнува 3.300 долари.

Фото: Pexels