Грција воведува околу 3.000 зони за бесплатен wi – fi интернет

29

Фото: Pixabay

Властите во Грција во следните неколку месеци планираат да постават околу 3.000 точки за безжичен интернет на јавни места, пишува Greek reporter.

Програмата за бесплатен wi – fi, којашто има почетен буџет од 11,8 милиони евра и вкупен буџет од 14,8 милиони евра, има за цел да покрие што е можно поголем дел од земјата, вклучувајќи ги островите и туристичките дестинации.

Местата на коишто треба да се постават бесплатни интернет зони опфаќаат отворени и затворени јавни места, како што се плоштади, пешачки зони, игралишта, библиотеки, музеи…

За приклучување кон бесплатниот интернет, корисниците нема да имаат потреба да внесуваат било какви податоци, но поврзување е временски ограничено најверојатно на еден час.

Проектот нуди можност, на пример, 80 патници во исто време да се приклучат на интернет додека се возат во автобус или тролеј бус.