“Грди“ бисквити во француски супермаркети

67

grdi biskviti

Во 146 маркети на Intermarché во Париз, од трети до осми ноември оваа година, ќе се продаваат пакувани бисквити со нетипични форми, коишто биле искршени во текот на производството или транспортот, пишува француски Фигаро.

“Грдите“ бисквити ќе се продаваат по цени пониски за 30%. Тие ја имаат истата хранлива вредност како и класичните бисквити.

Овој трговски синџир од минатата година се вклучи во акцијата за борба против фрлањето на храна и заедно со неколку здруженија продаваа овошје и зеленчук со неправилен облик по намалени цени. Овогодишната акција за “грдо“ овошје и зеленчук во маркетите Intermarché ќе трае од 15-ти до 17-ти октомври.