“Грди“ се ама се трошеле како алва

223

Познатиот производител на гумени кломпи Crocs, познати како крокси, се очекува да забележи рекордна продажба за 2020 година.

“Среде глобална пандемија во 2020 година, ќе обезбедиме најсилни приходи во историјата на Crocs. Импулсот на нашиот бренд е исклучителен и предвидуваме уште еден рекорд во 2021 година“, рече извршниот директор на компанијата, Ендру Рис.

Crocs ја зголеми прогнозата за четвртиот квартал и за цела 2021-ва година.

Очекувањата на компанијата се веќе за раст на приходите за четвртиот квартал за околу 55% ​​на годишно ниво од 407 до 410 милиони долари. Претходната прогноза беше за зголемување од 20 до 30%. Компанијата предвидува и раст на продажбата од 20% до 25% во 2021-ва година.

Акциите на Crocs пораснаа за повеќе од 12%, 74,91 долари по акција на Nasdaq.

Фото: Facebook