Грејната сезона може да почне на први октомври

36

Потрошувачите, заедниците на сопственици и управитлите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона, апелираат од БЕГ.

Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.

“Во моментов во околу 320 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано ги комуницира потрошувачите и Заедниците на станари, односно компаниите кои управуваат со станбените единици за отстранување на пречките за да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, велат од БЕГ.

Грејната сезона може да започне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Токму поради тоа, во овој период во тек се редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност како и ладните проби на системот со цел да се обезбеди сигурна и квалитетна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи по почетокот на грејната сезона, информираат од БЕГ.