Гренобл е првиот град во Европа што ги отстранува рекламите од улиците и на нивно место сади дрвја

39

grenobl

Градските власти на францускиот град Гренобл, на чело со градоначалникот Ерик Пиол кој се залага за поголема еколошка свест, донесоа одлука да ги отстранат сите рекламни паноа и на нивно место да засадат дрвја, што досега не се случило во ниту еден европски град.

Од градот велат дека нема да го обноват договорот со рекламната компанија JC Decaux, што е ангажирана за поставување на рекламите, пренесуваат локалните медиуми.

Од јавниот простор во овој француски град ќе исчезнат сите 326 рекламни паноа, од кои 227 се со среден формат, 20 столбови и 64 билборди со површина од осум метри квадратни, кои досега заземале вкупно 2.051 метри квадратни од просторот на Гренобл.

Демонтажата на рекламниот простор се очекува да трае четири месеци, а засега единствено ќе останат рекламите на настрешниците на автобуските станици. На местата на рекламите паноа, градските власти најавуваат дека ќе засадат дрвја.

Досега, само бразилскиот град Сао Паоло ги “протера“ рекламите од јавниот простор.