
Дури и финансиските гуруа како Ворен Бафет, извршен директор на Беркшир Хатавеј, не се имуни на грешки или лоши инвестиции.
Бафет ја призна скапата „грешка“ што влијаеше на финансиите на конгломератот. И покрај заработката од 42,5 милијарди долари во 2020 година, Бафет во своето годишно писмо до акционерите откри дека компанијата претрпела значителна загуба од 11 милијарди долари поради несреќната аквизиција.
Додека неговата инвестициска филозофија ја нагласува долгорочната вредност, многу од неговите инвестиции се во спојувања и превземања, приватен капитал и други потфати. И додека Бафет, како и секој инвеститор, има свои губитници, победниците често долгорочно ја надоместуваат таа загуба, пишува порталот Безинга.
Во 2016 година, Беркшир Хатавеј го купи авионскиот производител Precision Castparts за 32 милијарди долари. Бафет призна дека неговиот првичен оптимизам го помати неговото расудување, што доведе до преценување на компанијата.
Тој ја презеде целосната одговорност за грешката, велејќи: „Платив премногу за компанијата. Никој на ниту еден начин не ме измами, едноставно бев преоптимист за нејзиниот профитен потенцијал“.
Негативните ефекти од пандемијата дополнително ја влошија ситуацијата, бидејќи авиоиндустријата се соочи со сериозни нарушувања поради намалениот сообраќај. Бафет го призна ова, велејќи: „Минатата година, мојата погрешна проценка беше изложена од негативниот развој на ситуацијата во воздушната индустрија, најважниот извор на клиенти за PCC“.











