Грешките во електронските барања до Катастарот ќе може да се коригираат во рок од 24 часа

22

katastar-580x266

Адвокатите, нотарите, извршителите, геодетите и општините отсега имаат можност во електронските барања што ги поднесуваат до Катастарот доколку направат грешка да ја исправат во рок од 24 часа, јавува Миа.

Со новината воведена од вчера, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески на прес-конференција истакна дека професионалните корисници ќе ги намалат трошоците и времето бидејќи претходно барањето поради грешка било одбивано и требало повторно да се поднесе до Катастарот.

“Новата надградба на електронскиот шалтер, воведен во 2014 година, може да извршат дополнување доколку направат техничка грешка при доставата на предметот по електронски пак, потоа технички грешки документите кои се правен основ за промена во катастарот, технички грешки во описните податоци содржани во геодетскиот елаборат, како и кога ќе извршат недоволна уплата на надоместок“, рече Славче Трпески, директорот на Агенцијата за Катастар.

Со новината, професионалниот корисник е должен во рок од 24 часа по електронски пат да ги отстрани техничките грешки, откако претходно при решавање на предметот службеното лице од катастарот е должно по електронски пат да го извести професионалниот корисник со точно наведување на техничките грешки во електронско поднесеното барање.