Grouper го најавува најголемиот Black Friday досега, а попустите веќе започнаа

47

Се наближува најголемиот светски шопинг празник Black Fruday (23.11.2018), којшто веќе прераснува во традиција и на нашиот пазар, а со неговото доаѓање расте и возбудата околу шопинг лудилото со екстремни попусти од голем избор на брендови.

Од Grouper.mk, водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговија, веќе го најавија, како што велат за нив највобудливиот ден од годината, за кој ветуваат избор од над 1.000 зделки со ултра ниски цени и луди попусти до 90%, со ограничено времетраење и количини.

“Black Friday го сметаме за наш патронат и ден кога ги рушиме рекордите во продажби и посетеност. Минатата година само за 24 часа беа продадени над 12.000 купони, а посетите достигнаа над 130.000 во петокот. Енергијата во нашите канцеларии на овој ден е неопислива, а веќе два месеци интензивно работиме на оваа кампања за да понудиме уште повеќе и уште подобро за сите наши корисници и соработници”, велат од Grouper.

Оваа година, купувачката манија на Grouper започнa уште оваа недела заедно со Black Friday WARM UP зделките што нудат неодоливи попусти кај неколку познати брендови. Од денеска може да си бирате ексклузивни часовници на попуст во Божиновски часовници и накит, модерен пар есенски чевли во Adam’s Shoes со 50% попуст, или пак да си креирате персонализирани во Dias. Во текот на наредните денови очекувајте ги најголемите попусти на спортска опрема во Sport M, премиум попуст на дизајнерски очила во Dioptra и гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил.

За да биде приказната околу празникот на попустите уште поинтересна, Grouper тимот креираше Black Friday машина за подароци, каде секој може да врти и да добие некој од 500-те подароци, меѓу кои: 100 искуства и производи, 390 кобрендирани подароци и 10 патувања. Кампањата е поддржана од Mastercard, па со секое купување на Grouper зделка ви доделуваат вртење за поголема шанса, а исто така и со поканување на пријателите може да добиете уште вртења. Но, во секој случај првото вртење е гратис за сите корисници, па не заборавајте да ја свртите рачката и да си ја пробате среќата.