GrowDirector – уред што го контролира растот на растенијата

37

yor6r52z5hsbgfvshoss

Фото: Indiegogo

Старт-ап од Тел Авив, Израел креираше производ што го контролира растот на растенијата. Со негова помош одгледувачите на секаков вид растенија, без разлика дали се аматери или професионалци, ќе можат лесно да ги контролираат своите билки и цвеќиња директно од мобилен уред.

GrowDirector овозможува следење и управување на растенијата преку едноставен и интуитивен интерфејс. Корисникот прво треба да ги поврзе сите сензори и тајмери на уредот, да се наместат поставките на програмата и следењето на растот може да започне.

Во пакетот е вклучен и детектор за чад, па така, стигнува известување доколку има опасност од пожар. Моменталната цена на GrowDirector изнесува 599 долари, а доаѓа во пакет со сензори и детектор за чад.

Уредот имаше успешна кампања на платформата за групно финансирање Indiegogo каде што собра 35.852 долари. Тимот се надева дека производот ќе ја има својата прва испорака во април.