Грозд од Струмица прикажа добивка од 40 милиони денари

22

grozd-strumica-since-1953

Грозд од Струмица прикажа добивка од 40.049.000 денари, покажува годишниот биланс на успех за 2016 година, објавен на Македонска берза.

Добивката на компанијата една година претходно достигна 42.901.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, изнесуваат 211.925.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 194.933.000 денари, додека продажбата во странство изнесува 16.992.000 денари.

Грозд од Струмица е компанија што се занимава со производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци.