Грозд од Струмица прокнижи добивка од 37,2 милиони денари

100

Компанијата Грозд од Струмица, во период од први јануари до 31-ви декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 37.217.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше на ниво 39.745.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, беа на ниво од 206.993.000 денари. Поголемиот дел од 182.577.000 денари е реализиран на домашен пазар, додека на пазари во странство продажбата достигна 24.416.000 денари.