Грозд од Струмица со добивка од 42,9 милиони денари ја заврши 2015 година

224

grozd-strumica

Акционерското друштво Грозд од Струмица минатата 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 42.901.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно компанијата прикажа добивка од 29.354.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до декември минатата година беа на ниво од 198.848.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 174.043.000 денари, додека на странски пазари се остварени 24.805.000 денари.

Грозд Струмица е компанија за производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци.