Грозд Струмица со добивка од 46,8 милиони денари од јануари до септември

91

grozd-strumica

Компанијата Грозд од Струмица во период од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка од 46.805.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 52.115.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на деветте месеци од оваа година достигнаа 146.939.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 128.131.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 18.808.000 денари.

Во текот на деветте месеци од 2014 година, вкупните приходи од продажба беа на ниво од 137.394.000 денари.