Група Единство од Струмица за девет месеци прокнижи 108.000 денари добивка

42

edinstvo-strumica

Група Единство од Струмица евидентираше добивка од 108.000 денари, во деветмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Заклучно со 30-ти септември лани, компанијата прикажа добивка од 252.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – септември 2017 година, изнесуваат 54.548.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 580.000 денари, додека на странски пазари продажбата достигна 53.969.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на панталони, сако, јакни, сукњи, капи и останато.