Групацијата Триглав со нето добивка од 50,5 милиони евра

46

Групацијата Триглав оствари нето добивка во износ од 50,5 милиони евра за првите три квартали од годината, а објавената добивка пред оданочувањето изнесуваше 62,6 милиони евра. Нето добивката на матичната компанија изнесува 39,2 милиони евра.

Случувањата на пазарот на капитал имаа големо влијание врз резултатите од деловното работење на Групацијата Триглав, при што разновидните финансиски инвестиции го претставуваат поголемиот дел од вкупните основни средства на компанијата. Глобалната финансиска криза предизвика опаѓање на пазарот и покрај конзервативната инвестициска политика на Заваровалница Триглав и на Групацијата Триглав, што резултираше со намалување на вредноста на дел од инвестициите. Ова главно се одрази преку намалување на нето добивката. Во првите девет месеци од 2012 година, Групацијата Триглав претрпе трајно намалување на финансиските средства во износ од 35,5 милиони евра.

Во периодот јануари до септември, Групацијата Триглав има пресметано бруто премии за осигурување и ко-осигурување во износ од вкупно 732,1 милиони евра. Интензивното управување со осигурителните и техничките резултати од неживотно осигурување го подобри коефициентот на штети на матичната компанија и на Групацијата. Комбинираниот количник на Групацијата во неживотно осигурување, којшто претставува индикатор за профитабилност во основната дејност на осигурување, изнесува 91,8%.

Постигнатите резултати од страна на Групацијата Триглав се должат на доследното придржување до стратешките насоки, фокусирањето на профитабилност во основната дејност на осигурување, примената на добро дефинирана политика за управување со ризици, соодветната политика за преземање ризици и реосигурување, како и примената на мерки насочени кон олеснување на финансиската криза.