GSK го затвора своето претставништво во Хрватска

44

Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) го затвора комерцијалното претставништво во Хрватска.

Оваа компанија ќе работи на хрватскиот пазар преку избрани партнери кои ќе ги поддржуваат нејзините промотивни, медицински, дистрибутивни и регулаторни активности, но не открива за кои партнери станува збор, пренесува Јутарњи лист.

GSK во последните години го намалуваше бројот на вработени во Хрватска, а во 2019 година имаше 39 од нив во компанија регистрирана за посредување во специјализирана трговија.

Фото: Facebook