Британскиот производител на лекови GlaxoSmithKline (GSK) соопшти дека ќе ја купи американската биофармацевтска компанија IDRx за 1,10 милијарди евра. Компанијата, со седиште во Бостон, развива лек за редок вид тумор.
IDRx, приватна биотехнолошка компанија, развива терапија за третман на гастроинтестинални стромални тумори (GIST).
GIST се малигни тумори кои се развиваат од одреден тип на клетка во ѕидот на хранопроводникот, желудникот или цревата. Просечната возраст при дијагностицирање е од 50 до 60 години, според веб-страницата HeMED.
Според договорот, ГСК ќе треба однапред да плати 959,45 милиони евра. Оваа аквизиција ќе и помогне на британската компанија да го прошири своето портфолио на лекови за третман на рак на дигестивниот систем.
Британскиот производител на лекови се соочува со опаѓање на продажбата во секторот за вакцини, па во последните години ги засили напорите во лекувањето на ракот, пренесува Financije.hr.
„Оваа набавка е конзистентна со нашиот пристап за стекнување средства што се однесуваат на потврдени цели и каде што има јасна незадоволена медицинска потреба, и покрај постојните одобрени производи“, рече главниот комерцијален директор на GSK, Лук Мајлс.
За потсетување, GSK на почетокот на минатата година објави дека ќе го преземе производителот на лекови за астма Aiolos Bio, а договорот за преземање е вреден 1,34 милијарди евра.
„Овој лек ќе му помогне на ГСК да третира повеќе респираторни проблеми. „Околу 40 отсто од пациентите со тешка астма ќе имаат корист од тоа бидејќи им требаат специфични терапии“, рече тогаш Тони Вуд, главен научен директор на ГСК.