Градски трговски центар (ГТЦ), од први јануари до 31-ви декември 2016 година, оствари 1.187.000 денари добивка, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
На крајот на 2015 година, компанијата прикажа 2.582.000 денари добивка.
Вкупните приходи од продажба, од јануари до декември лани, изнесуваат 197.819.000 денари. Истиот период во 2015 година, вкупните приходи на ГТЦ достигнаа 212.353.000 денари.
Основна дејност на ГТЦ е стопанисување со деловен простор во системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.