ГТЦ со добивка од 35,8 милиони денари од јануари до септември годинава

24

gtc

Градски трговски центар (ГТЦ), од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 35.836.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од минатата година, компанијата оствари 43.263.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од јануари до септември, изнесуваа 147.301.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 158.772.000 денари.

Основна дејност на ГТЦ е стопанисување со деловен простор во системски и функционално поврзан објект во центарот на градот.