ГТЦ со добивка од 43,2 милиони денари за девет месеци

48

gtc

Акционерското друштво Градски трговски центар (ГТЦ), за период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 43.263.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, ГТЦ прикажа добивка од 32.572.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во првите девет месеци од оваа година достигнаа 158.772.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 160.684.000 денари.