ГТЦ со загуба од 34,3 милиони денари ја заврши минатата година

72

Градски трговски центар, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа загуба од 34.349.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, загубата на компанијата изнесуваше 25.893.000 денари.

“Во 12-месечното работење во 2019 година, компанијата оствари вкупни приходи од 224.104.000 денари, коишто се поголеми за 7%, во однос на претходната 2018 година, а вкупните трошоци изнесуваат 258.453.000 денари, коишто се за 9% поголеми во однос на претходната 2018 година“, стои во Образложението кон финансискиот резултат.

Фото: Pexels