ГТЦ со загуба од 358.000 денари за девет месеци

43

Градски трговски центар, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа загуба од 358.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата оствари добивка од 14.332.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на ГТЦ, заклучно 30-ти септември оваа година, изнесуваат 142.823.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 160.669.000 денари.

Основна дејност на ГТЦ е стопанисување со деловен простор во системски и функционално поврзан деловен објект.