ГТЦ за девет месеци евидентираше добивка од 16,7 милиони денари

26

gtc

Градски трговски центар, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 16.711.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, добивката на компанијата изнесуваше 35.836.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2017 година, беа на ниво од 146.963.000 денари. Истиот период претходната година, вкупните приходи достигнаа 147.301.000 денари.

Основна дејност на компанијата е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.