Guardian забранува рекламирање на нафтени компании

49

Британскиот дневен весник The Guardian повеќе нема да објавува реклами на нафтени компании. Со овој потег, Guardian станува прва медиумска организација во светот што нема да прима пари за рекламирање на компании што користат фосилни горива.

Одлуката е донесена со цел да се даде придонес во намалување на емисијата на јаглерод диоксид и да се зголеми свесноста за климатските промени. Таа е донесена во средата и стапува веднаш на сила. Забраната се однесува на сите компании што примарно се поврзани со фосилните горива, а меѓу нив се некои од најголемите загадувачи во светот.

“Одлуката ја донесовме на основа на повеќегодишните напори на многу лица во таа индустрија да се спречи секоја значајна климатска акција“, велат Ен Бејтсон и Хемиш Никлин во заедничко соопштение.

Активистите за заштита на животната средина веќе долго време предупредува дека енергетските компании користат многу скапи реклами за да се прикажат во подобро светло.

Од минатата година, Guardian воведе нова терминологија, користејќи ги изразите како “климатска криза“ и “глобално загревање“ наместо “климатски промени“ и “глобално затоплување“.

Фото: Facebook