Гучи пронајде инспирација во сандалите на Југопластика, ги продава 400 евра

415

На официјалната страница на луксузниот моден бренд Гучи се продаваат пластични сандали кои премногу потсетуваат на оние кои во минатиот век ги продаваше Југопластика.

Летниот одмор во поранешна Југославија не можеше да се замисли без легендарните гумени сандали на оваа компанија кои ги носеа деца, но и возрасни.

Многу корисници на социјалните мрежи ја забележале сличноста помеѓу сандалите на „Југопластика“ и сандалите на „Гучи“ кои се продаваат по цена од 400 евра. Жените можат да ги купат во розова и виолетова боја, а мажите во црна и зелена, како и проѕирна варијанта.

Југопластика беше југословенски гигант кој вработуваше 13.000 работници, произведуваше над 3.200 различни производи и имаше приходи од 350 милиони долари годишно. Во тоа време беше тешко да се замисли југословенски дом без некој производ на Југопластика, од играчки, чанти, патики, спортска опрема,…