Гуми за автомобил со 24-каратно злато и дијаманти продадени за 600.000 долари

30

z tyre 11

Компанијата за производство на гуми Z Tyre од Дубаи во соработка со светски познати златари од Италија развија специјален сет на гуми, пишува Wheels24.

Во уникатниот сет на гуми има 24-каратно злато и специјално одбрани дијаманти, а на нив работеле занаетчии кои учествувале во создавањето на претседателската палата во Абу Даби.

z-tyres-1-680x653 (2)

Луксузните гуми се продадени по цена од 600.000 долари, поради што се запишаа во Гинисовата книга на рекорди како – најскапиот сет на гуми за автомобили.

Целиот износ од 600.000 долари, компанијата ќе го донира во Фондација што се грижи за пристап до образование низ целиот свет.