Гутереш: Трошење пари на нови фосилни горива е голема заблуда

34

Трошењето пари за истражување на нови наоѓалишта на јаглен, нафта и гас поради војната во Украина е изговор и „заблуда“, смета генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Шефот на ОН вели дека  повеќе јаглен само ќе го зголеми влијанието на „чумата од војната, загадувањето и климатската катастрофа“, додавајќи дека обновливата енергија е мировен план за 21 век.

Во видео обраќањето на шестиот австриски Светски самит во Виена, генералниот секретар на ОН повторно ги повика земјите за нивното континуирано потпирање на фосилните горива, наведувајќи дека националните планови за намалување на емисиите на јаглерод „едноставно не се доволно добри“, пренесува британскиот јавен сервис Би -Би- Си.