H&M, Zara, Ralph Lauren… ќе шијат брендирана облека во Турција

276

Поради епидемијата на коронавирус во Кина, светските текстилни гиганти се свртеа кон турските производители на облека и текстил, зголемувајќи ги нарачките пред претстојната летна сезона. Ковид – 19 веќе принуди голем број меѓународни брендови да се повлечат од кинескиот пазар и да го запрат локалното производство во источно азиската земја.

Неколку големи светски брендови како Superdry, Inditex, H&M, Hermes-Otto, Debenhams и Ralph Lauren, веќе ги пренасочија своите нарачки во Турција. Фабриките во оваа земја ќе мора да го зголемат производството за подготовка на летни колекции.

Претседателот на Синдикатот за извозници на текстил и конфекција во Истанбул, Мустафа Гултепе соопшти дека текстилниот сектор во земјата моментно работи со капацитет од 85%. Но, откако компаниите како што се H&M, Superdry и Inditex Group, со нивните брендови Zara, Massimo Dutti и Bershka, го зголемија увозот од Турција, се очекува овој сектор да работи со полн капацитет.

“Ако нарачките продолжат да се зголемуваат на овој начин, ние ќе го зголемиме капацитетот на секторот“, рече Гултепе.

Фото: Pixabay