H&M, Zara, Stradivarius, затвораат илјадници продавници ширум светот

112

После 20 години владеење и огромен профит, таканаречената “брза мода“ претрпува огромни загуби и производителите како што се шведскиот гигант H&M, шпанските Zara, Pull&Bear, Stradivarius, затвораат илјадници продавници ширум светот, а без работа остануваат многу луѓе.

Според проценките на весникот The Business Fashion, глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има помеѓу 25 и 30% загуби како резултат на пандемијата и кризата.

“Ковид-19 само ги откри проблемите со производството на брза облека, што не оди добро подолго време“, рече Данило Вентури, директор на Меѓународниот институт за моден дизајн и маркетинг Polimoda.

Модниот гигант Zara најави дека ќе затвори 1.200 продавници ширум светот, но дека нивниот долгорочен план е да преминат на интернет-продажба.

Фото: Pixabay