Хакери “извлекле” над еден милион евра од бугарски фирми

27

hakeri

Во 2015 година, бугарските фирми изгубиле над милион евра поради хакерски напади, покажуваат податоците на експертите за информациска безбедност, јавува bTV.

Големите компании имаат компјутерската заштита, што не е случај со повеќето мали и средни компании.

“На пример, вашата компанија работи долго време со мојата компанија и имаме изградено доверба. Во одреден момент хакерите ја менуваат банкарската сметка на фактурата што ми ја праќате по мејл. Бидејќи работиме со години и си веруваме, јас не ја проверувам банкарска сметка, сметајќи дека тоа всушност е вашата нова сметка и ви префрлувам пари. Додека да се свртам, парите веќе ги нема”, објаснува експертот за информациска безбедност, Спас Иванов.

Во вакви случаи банката нема да ги врати парите затоа што е спроведена сосема легална платежна наредба. Според Спасов, во последната година има барем 10 вакви случаи, а сумите на украдените пари се движат од неколку стотини евра до 60.000 евра со една трансакција.