Халк Осигурување издаде акции вредни два милиони евра

62

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое на Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје му се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – шеста емисија на 200.000 обични акции, со вкупна вредност на емисијата од 2.000.000 евра.

Поконкретно, продажната цена по акција е 10 евра, која е еднаква на нејзината номинална вредност, соопштуваат од КХВ.

Зголемувањето на основната главнина се врши со парични влогови, а акциите од новата емисија се наменети за познат купувач – единствениот акционер и институционален инвеститор Халк Банка АД Скопје.

Фото: Facebook