Халкбанк: e – commerce бонус поени

30

Халкбанк информира дека започнува ново изненадување во рамки на бонус програмата на банката.

“Собирајте 5% бонус поени со секоја направена трансакција со кредитните картички на Веб продавниците што користат виртуелен терминал од Халкбанк АД Скопје“, стои во соопштението.

Кампањата стартува на трети овој месец по девет часот и ќе биде активна до 10-ти декември до девет часот. Ова важи само за кредитните картички Mastercard и Visa за физички лица издадени од Халкбанк.